Борбен авион „Ф-16“ / Фото: EPA-EFE/GRZEGORZ MICHALOWSKI

Дрон на Хезболах, не на Иран, извршил напад врз британската база во Кипар

Неименуван висок кипарски функционер денеска изјави дека нападот врз британската воздухопловна база на Кипар е извршен од дрон „Шахид“, кој најверојатно бил испален од либанската милитантна група Хезболах од Либан, објави „Сајпрус меил“.

Службениците изјавија дека дронот не бил забележан бидејќи летал на многу ниска надморска височина, .

Нападот со дрон предизвикал мала штета, а немало жртви.

Во текот на денот официјален Кипар објави дека ирански дрон извршил напад врз британската воздухопловна база на Кипар.

Кипарските власти објавија дека британската воздухопловна база во Акротири, Кипар, била нападната од дрон кратко по полноќ, предизвикувајќи ограничена штета. После тоа, уште два дрона полетале во правец на британската воздухопловна база Акротири на Кипар, но биле „соборени на време“.

Грција испраќа ловци на Кипар како штит од ирански дронови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот