Авионите Ф-15/Фото: EPA/JIM HOLLANDER

„Не беа вонземјани“: Вашингтон мораше да објаснува за соборените летечки објекти

Властите во Вашингтон денеска соопштија дека „немало индикации за вонземски активности поврзани со соборувањето на серија неидентификувани летечки објекти над Северна Америка“, откако американската војска собори неколку неидентификувани летала, за кои властите се сомневаат дека се .

„Знам дека има прашања и загриженост за ова. Сепак, повторувам, нема индикации за вонземјани или вонземски активности во врска со тие инциденти“, рече портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

Во неделата, генерал на американските воздухопловни сили изјави дека „сѐ уште не ја исклучува можноста објектот да е од вонземско потекло, или какво било друго објаснување“, цитирајќи американски разузнавачки експерти.

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека четири од соборените летала во последните денови, вклучително и она што падна над езерото Хјурон, биле на некој начин поврзани, но не наведе детали.

Американскиот претседател Џо Бајден во неделата нареди уривање на уште еден објект, четврти овој месец. Леталото патувало на височина од 6.100 метри над Големите езера на границата меѓу САД и Канада и можело да го загрози комерцијалниот воздушен сообраќај. Воздухопловните сили на САД соборија три објекти кои летаа над Алјаска, Канада и сојузната држава Мичиген во петок, сабота и недела.

Официјални лица рекоа дека објектот што се урна во неделата над езерото Хјурон имал осмоаголна форма. Тој бил соборен со ракета од борбен авион „Ф-16“.

Армиите на САД и Канада го засилија надгледувањето на воздушниот простор откако наводниот кинески шпионски балон навлезе во нивните територии на почетокот на февруари.

Поради влегувањето на балонот, за кој Вашингтон вели дека „шпионира“ во американскиот воздушен простор, врските меѓу двете велесили дополнително се заострија, а државниот секретар Антони Блинкен во последен момент ја откажа планираната посета на Кина.

По првиот инцидент, други летечки објекти беа забележани над Канада и САД, кои подоцна беа соборени.

САД го соборија кинескиот воздушен балон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот