НБА сезоната официјално ќе започне на 22 декември!

EPA-EFE/TANNEN MAURY

Новата сезона во најсилната кошаркарска лига на светот ќе започне на 22 декември 2020 година, објави денеска официјално НБА лигата.

НБА-лигата и Здружението на играчи од НБА постигнаа договор сите екипи да играат 72 натпревари, што е за десет помалку од вообичаениот распоред.

Се разговараше и за промените поради пандемијата со ковид-19, што значително влијаеше на финансиите и календарот на лигата. Лимитот на платата ќе биде утврден на 109.140 милиони американски долари.

Преодниот рок почнува од 20 ноември, односно од 22 ноември до 22 декември играчите ќе можат да потпишуваат договори.

Помеѓу најинтересните имиња на НБА пазарот се Марк Гасол, Кристијан Вуд, Серж Ибака, Ражон Рондо, Еван Фурније, Џереми Грент, Кентавиус Колдвел Поуп, Тристан Томпсон, Дерик Фејворс, Арон Бејнс, Маркус Морис, Двајт Хауард, Џеј Краудер, Ејвери Бредли, Андре Драмонд, Ото Портер, Малик Бизли, Дарио Шариќ..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот