НБА: Осма победа во низа за Филаделфија, 64 поени од Ембид и Харден против Никси

фото: EPA-EFE/CRAIG LASSIG

Кошаркарите на Филаделфија го совладаа Њујорк никс на гостувањето во Њујорк со 119:112 и ја продолжија победничката серија во НБА лигата.

На последните осум натпревари исто толку победи оствари и Филаделфија. Во мечот со Никси, Џоел Ембид и Џејмс Харден постигнаа повеќе од половина од поените на Сиксерси.

Ембид запиша вкупно 35 поени (осум скокови), следен од Харден со 29 поени (13 асистенции). За Никси доминираше Џулиус Рендл со 35 поени и осум скокови.

На табелата во Источната конференција Филаделфијаа е на петтата позицијаа (20-12), веднаш пред шестопласираниот Њујорк (18-16).

Во следните мечеви Филаделфија игра против Вашингтон, а Њујорк гостува кај Маверикс во Далас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот