НБА лигата воведе итни мерки поради коронавирусот

Голем број екипи во НБА лигата имаат проблем со позитивни кошаркари на ковид-19/ фото: EPA-EFE/WU HONG

НБА лигата и унијата на професионални кошаркари постигнаа договор околу правилата кои дозволуваат дополнителна замена на играчи кога се погодени од коронавирусот.

Новите правила стапија на сила од утринава и ќе траат се до 18 јануари и според нив, на секој клуб ќе му биде дозволено да ангажира замена за секој позитивен играч на коронавирус.

Во меѓувреме, екипите ќе мора да донесат најмалку еден играч како замена доколку имаат два позитивни играчи на ковид-19, потоа ќе можат да донесат двајца играчи ако имаат тројца позитивни случаи и најмалку три нови кошаркари доколку имаат четири или повеќе позитивни случаи.

Исто така, секој пат кога од тимот ќе се бара да потпише договор со играч, истиот мора да биде на располагање до почетокот на првиот натпревар откако НБА лигата ќе даде дозвола за потпис со нов кошаркар.

Поради големиот број на кошаркари кои се наоѓаат во корона протоколите, НБА лигата вчера одложи пет натпревари, три кои требаше да се играат во неделата (Њу Орлеанс – Филаделфија, Кливленд – Атланта, Денвер – Бруклин), како и натпреварите кои треба да се играат доцна вечерва (Орландо – Торонто и Вашингтон – Бруклин).

Изминатата недела неколку НБА ѕвезди влегоа во корона протоколите поради кои нема да можат да настапуваат во наредните две недели, а тоа се Кевин Дурент, Џејмс Харден, Кајри Ирвинг, Јанис Адетокумпо, Тре Јанг, како и тренерот на ЛА Лејкерс, Френк Вогел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот