НБА: Клиперси со две размени станаа главен фаворит за титулата

Во последниот ден од преодниот рок во НБА лигата, доста екипи направија размени, но победник е ЛА клиперс кој направи две трампи со кои од еден од фаворитите, сега стана главен фаворит за титулата.

Лос Анџелес клиперс во последните часови пред затворањето на преодниот рок во НБА лигата преку размена успеа да ги ангажира Маркус Морис и Ајзеа Томас и стана главен фаворит за титулата.


Маркус Морис доаѓа од Њујорк никс, а за да дојде до него Клиперси се откажаа од Мо Харклс и избор од првата рунда на драфтот оваа година. Во ова размена се вклучи и Вашингтон кој во Лос Анџелес го испрати Ајзеа Томас, а го доби Џером Робинсон.

Во последните моменти од преодниот рок, најдобриот скокач во лигата, Андре Драмонд го напушти Детроит пистонс и негов следен тим е Кливленд кавалирс. Во спротивна насока заминаа Џон Хенсон, Брендон Најт и избор од втората рунда на драфтот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот