Наумов: Владата не доцни со сетот економски мерки, Развојната банка ќе продолжи со пласирање на средства кон комерцијалните банки

Владата не доцни со сетот економски мерки за справување со последиците од коронавирусот, смета првиот човек на Развојната банка на Северна Македонија, Кире Наумов.

Тој денеска на прес-конференција на која соопшти дека е објавен првиот повик за  директна кредитна поддршка на микро, малите и средните претпријатија, истакна дека мерката за бескаматни кредити е добра и оти се работи за извонредно поволни кредити со грејс период од шест месеци и квартални тримесечни рати. Првата рата ќе се исплаќа по девет месеци.

– Ние се надеваме дека тоа е доволен период во кој некако би олабавила целата криза, а тие по девет месеци ќе бидат на нозе за да може да ги враќаат кредитите. Ние ќе ја следиме состојбата и тогаш доколку се уште трае кризата се подготвени да ги репрограмираме тие долгови, рече Наумов.

Оцени дека мерката не е задоцнета напоменувајќи дека во земјите од регионот слични вакви мерки се уште не се функционални.

– Хрватска минатиот петок во Саборот донесе сет закони кои ги објави и во принцип ниту една од нивните мерки се уште не е функционална. Мерките се во овој правец, нормално со други суми и се уште не се фунцкионани. Во Словенија, соодветната развојна банка по овие принципи ќе започне од 1 април. Србија има објавено една мерка која е далеку од реализација. Се што слушам и од порзвиените земји е нешто што е само најава, а длеку од реализација. И од таа причина велат дека Владата не доцни со мерките, истакна Наумов.

Очекува голем интерес за мерката за бескаматни кредити, а првичните проценки ќе ги имаат уште утре имајќи предвид дека аплицирањето ќе се одвива електронски почнувајќи од полноќ.

Најави дека како Развојна банка ќе продолжат со пласирање на средства кон комерцијалните банки по извонредно ниска, можеби и нула каматна стапка, за да и кредитите што ги нудат банките бидат многу поевтини.

– Развојната банка ќе продолжи со пласирање на средства кон комерцијалните банки. Се обидуваме тоа да биде по извонредно ниска, можеби и нула каматна стапка и останува понатаму комерцијалните банки, како што покажуваат сега желба за солидарност, нивните кредити да бидат многу евтини. Она што може да го направи Владата во овој дел заедно со Развојната банка е тоа средствата што ги пласира преку комерцијалните банки да ги пласира до нив со извонредно ниска камата, подвлече Наумов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот