Научници од американската војска дизајнираа тест кој го открива коронавирусот пред носителот да се зарази

Фото: Профимедиа

Одредени научници кои работат за американската војска создале нов тест за Ковид-19, со кој се открива присуство на вирусот уште пред носителите да бидат заазени, а тој тест би бил вистинска револуција бидејќи би го открива присуството на вирусот многу побргу од сега, пренесува „Гардијан“.

Тоа би можело да стане значително пробивање во борбата против болеста, а координаторите на проектот се надеваат дека со тестирањето на крвта ќе можат да го откријат присуството на вирусот 24 часа по инфекцијата, односно пред луѓето да покажат симптоми и неколку ден пред кога се смета дека носителот е способен да го шири вирусот на други.

Тоа е исто така четири дена пред да можат моменталните тестови да го откријат присуството на вирусот.

Тестот настанал од проект основан од американската Воена агенција за напредни истражувања во областа на одбраната (ДАРПА), а чија цел е брза дијагноза на бактерии или труење со хемикалии при хемиско војување.

Истражувањето било брзо пренасочено кога изби пандемијата, а се очекува тестот да биде предложен за одобрување за итна употреба од страна на американската Управа за храна и лекови (ФДА) во рок од една недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот