Научниците испечатија човечка кожа со целосна структура: Го забрзува регенерирањето и заздравувањето на раните

Фото: Пекселс/karolina-grabowska

Новата студија на Институтот за регенеративна медицина „Вејк Форест“ претставува значајно откритие во областа на регенерација на кожата и заздравување на раните.

Студијата покажува успешен развој на биопечатена кожа која го забрзува заздравувањето на раните, поддржува здраво ремоделирање на екстрацелуларната матрица и дава оптимизам за целосно закрепнување, пишува „Atrium Health Wake Forest Baptist“.

Фото: Roman Krykh / Alamy / Alamy / Profimedia

Регенерацијата на кожата долго време е предмет на проучување со надеж дека на жртвите од изгореници, ранетите воини и на луѓето со кожни заболувања ќе им се даде шанса за целосно заздравување. Достапните транспланти често се привремени, или ако се трајни – имаат само некои елементи на нормална кожа, кои често имаат изглед на лузна.

Создавањето кожа со целосна структура досега не беше возможно. Оваа студија вклучува биопечатење на сите шест главни типови човечки клетки присутни во кожата со специјализирани хидрогели како биоврзница.

Повеќеслојната структура на целосна кожа е направена со сите три слоја присутни во нормалното човечко ткиво, имено епидермисот, дермисот и хиподермисот. По трансплантацијата во претклинички услови, биопечатената кожа формирала крвни садови, обрасци на кожата и нормална ткивна структура.

Фото: Пекселс/angela-roma

Дополнителните испитни групи покажаа подобрено заздравување на раните, намалена контракција на кожата и зголемено производство на колаген за да се намалат лузните.

Користејќи ја постоечката технологија за биопечатење, научниците покажаа дека е можна целосно функционална регенерација на кожата. Биоинженерните кожни графтови обезбедуваат трислојна структура за целосен третман на раните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот