Грозје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Научници бараат непознати сорти грозје во Србија

Научниците бараат непознати сорти грозје во Србија. Првите резултати од истражувањето се очекуваат до крајот на годината, што би можело да придонесе за реконструкција на винската историја на Србија и откривање на стари, заборавени сорти грозје што некогаш се одгледувале низ целата земја- пренесува Политика. 

Се очекува генетската анализа да открие непознати сорти и нивна евентуална ревитализација и враќање во комерцијално производство. Еден од интересните примери е лозата покрај црквата на Рачкиот манастир, за која се претпоставува дека е таму повеќе од два века, како и лозата пред старата зграда на кнежевството во Неготин.

Исто така, се нагласува дека Србија не може да се натпреварува на глобалниот пазар со вино произведено од меѓународни сорти како што се „шардоне“ или „каберне“, туку со развивање на автентичен домашен асортиман.

Целта е да се утврди кои клонови покажуваат најголема отпорност на болести и климатски промени, како и кои се најдобри за производство на премиум вина.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот