Научете да играте танго: Лесно, брзо и целосно бесплатно! (ВИДЕО)

Се досадувате дома, немате идеја што да правите, ние имаме одлична идеја за вас – научете да играте танго.

Аргентинското танго спаѓа меѓу наjстраствените и најпредизвикувачките танци во светот.

Кога ќе видиме како некои усогласено играат танго, си помислуваме дека за тоа им требало цела вечност да го научат. Делува многу комплицирано, но всушност не е така.

Се што ви треба е малку време и добра волја, на почеток не ви е потребен ниту партнер.

Прво треба да ги научите основните чекори, кои се многу бавно и прецизно покажани во следното видео:

Потоа на ред доаѓаат „цик цак“ потезите. Овие потези лесно ќе ги научите со партнер, но може да ги научите и сами.

Следниот чекор кој се учи е тн. „сендвич“, односно опфаќање на стапалото на партнерот со двете ваши стапала и обратно. Се изведува исклучително лесно.

Во видеата се посебно прикажани женските и машките чекори, но и тоа како изгледа кога танцуваат женскиот и машкиот партнер.

Уживајте во учењето на најстраствениот танц на светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот