Натпревар кој не се заборава: Тој ден никој не сакаше да постигне гол! (ВИДЕО)

фото: твитер

Беше тоа меч од последното коло во втората шпанска лига во сезоната 2011/12 помеѓу екипите на Селта Виго и Кордоба, немаше ниту еден обид за удар, ниту корнери.

Еден натпревар кој остана во сеќавање на љубителите на фудбалот ширум светот, а особено оние во Шпанија помеѓу екипите на Селта Виго и Кордоба.

Беше тоа меч од последното коло во втората шпанска лига во сезоната 2011/12, никој на теренот не се потруди да постигне гол.

На играчите на Селта им беше потребен бод за да се врати во елитата, додека на фудбалерите на Кордоба им одговараше реми за да обезбеди пласман во плеј-офот.

Затоа нема никакво чудо што мечот беше завршен со непопуларниот резултат 0:0; без ниту еден удар кон головите, без ниту еден корнер.

Мрежите мируваа, двете екипи само ја префрлуваа топката од едната на другата страна и на крајот ја остварија целта.

Иако многумина овој натпревар го прогласија како наместен, за тоа никој не водеше грижа на теренот. Селта се врати во „Ла Лига“, а Кордоба испадна од Ваљадолид во првиот круг од доигрувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот