НАТО со поддршка на процесот на безбедносен ветинг за официјални лица

Фото: mia.mk

Портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску за МИА порача дека од Северна Македонија има поддршка за ветингот на официјални лица за безбедносни цели, јави дописничката на МИА од Брисел.

– НАТО силно ја поддржува посветеноста на Северна Македонија за одржување на безбедносните стандарди на НАТО, вклучително кога станува збор за персоналот за безбедносни дозволи, изјави Лунгеску.

Таа додаде дека стандардите на Алијансата бараат специфични критериуми за одредени позиции и функции.

– Националните власти се одговорни за воспоставување на сопствените процедури во однос на безбедносните дозволи, додаде портпаролката на НАТО.

За дополнителни детали околу процедурите одговорите треба да ги дадат македонските власти, велат од Алијансата.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, во Брисел.

На средбата станало збор за низа теми како помошта во борбата против пандемијата, нова медицинска помош преку Фондот за ковид-19 на Алијансата, како и за клучни безбедносни прашања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот