Натали Портман очекува трето дете на 44 години, прво со францускиот музички продуцент
Славната оскаровка Натали Портман (44) повторно ќе стане мајка. Актерката го чека своето трето дете, а прво со нејзиниот нов партнер, францускиот музички продуцент Танги Дестабл.
Препорачано
Веста актерката ја откри ексклузивно во интервју за „Харперс базар“, каде што искрено зборуваше за бременоста и благодарноста што ја чувствува во овој период од животот.
Портман не ја криеше возбудата поради новото поглавје во нејзиниот живот, но истакна и дека е свесна за тежината на мајчинството.
„Танги и јас сме многу возбудени. Навистина сум многу благодарна. Знам дека ова е огромна привилегија и чудо“, изјави Натали, додавајќи дека секогаш е внимателна на оваа тема бидејќи знае колку многу луѓе се борат со тешкотии за да добијат потомство.

Оваа среќна вест доаѓа по бурниот период за актерката, која во 2024 година се разведе од кореографот Бенџамин Милпије по 11 години брак. Натали од претходниот брак веќе има две деца, синот Алеф (14) и ќерката Амалија (9).
Иако Портман е позната по тоа што максимално ја чува својата приватност, овојпат реши да ја сподели радоста со јавноста, нагласувајќи дека семејството и е најголемиот приоритет во животот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
9мин
-
28мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


