Настапува периодот на Вагата: Припадниците на овој знак не сакаат никој да ги сожалува, туку да им се воодушевуваат

Припадниците на овој знак се друштвени и ведри.

Држат до својот изглед, однесување и убави манири. Им значи да живеат во убаво и хармонично опкружување. Надворешниот изглед им е многу битен, често и премногу. Верувајќи дека позади една убава и негувана фасада се кријат вредни чувства, таа ќе им даде срце и доверба на крајно несигурни личности.

Сами си замислуваат добро расположение кога им е лошо, а грдите подочници ќе ги прикријат со дебел слој шминка или ќе избегнуваат контакт. Некои поради таквото однесување ќе ги нарекуваат дволични, но едно е вистина – тие само сакаат да го потиснат негативното. Обожаваат комплименти, подароци, а помило им е ласкањето отколку искрената критика.

Имаат многу познаници, но не и вистински пријатели. Не сакаат никој да ги сожалува, туку да им се воодушевуваат. Не сакаат грубости, агресивност и примитивизам. Кога се чувствуваат загрозени, не се бранат, туку бегаат обземени од паника и страв. Сето тоа е потенцирано кога се сами: кога се со некој кој ги сака, се чувствуваат силни и сигурни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот