Град Скопје - бараките - Фото / Слободен печат / Методи Здравев
Град Скопје - бараките - Фото / Слободен печат / Методи Здравев

Наследство од Шилегов и Арсовска се 2,9 милијарди денари во активни судски постапки, тврди Ѓорѓиевски

Денеска Советот на Град Скопје расправа и треба да го усвои буџетот за 2026 година. Во врска со ова градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на седницата посочи дека мора отворено да се говори за реалноста што ја затекнало новото градско раководство, односно дека наследиле  40, а дека сега на сметката на Градот имало 400 милиони денари.

Според Ѓорѓиевски кварталниот извештај за извршување на буџетот на Град Скопје за деветте месеци од 2025 година, заклучно со 30 септември,  е еден од најкатастрофалните квартални извештаи во историјата на градот, од времето на Петре Шилегов и Данела Арсовска.

За девет месеци се реализирани приходи од 2.856.417.717 денари, што значи просек од само 317.379.746 денари месечно. И во претходните години состојбата била слична, а често и полоша. За споредба, за само 40 дена реализиравме приходи од 659.493.349 денари, речиси двојно повеќе од било кој месечен резултат во минатото – вели градоначалникот.

Според него, наследиле и презадолжени и девастирани јавни претпријатија и културни установи, хаос во образованието, каде со години не било направено ништо суштинско.

Во овој квартален извештај се прикажани само доспеаните долгови и кредитите евидентирани во сметководството на Град Скопје. Не се опфатени недоспеаните обврски, ниту најтешкиот товар, тужбите. Наследството од Петре Шилегов и Данела Арсовска изнесува 2,9 милијарди денари во активни судски постапки – рече, меѓу другото, Ѓорѓиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот