
Наскоро доаѓа петтото внуче: Ќерката на легендарниот Род Стјуарт е бремена на 45 години
Кимберли Стјуарт (45), ќерка на легендарниот музичар Род Стјуарт (80), кој неодамна доби уште едно внуче, на социјалните мрежи објави убава вест – таа по вторпат е бремена.
Препорачано
Имено, таа на својот инстаграм-профил објави фотографии на кои позира во цветен фустан додека го држи трудничкиот стомак.
„Наскоро доаѓа момче“, напиша Кимберли покрај фотографиите.
Манекенката веќе е мајка на 13-годишната ќерка Далила, која ја има со нејзиниот поранешен партнер, порториканскиот актер Бенисио дел Торо. Бебето кое Кимберли наскоро ќе го роди ќе биде петто внуче на Род Стјуарт и неговата сегашна сопруга Пени.
Инаку, Кимберли е второто дете на пејачот со неговата прва сопруга Алана Стјуарт, со која беше во брак од 1979 до 1984 година. Тој има вкупно осум деца.
Минатата година, Стјуарт организираше раскошна венчавка во Дубровник за својот син Лијам, кој се ожени со Американката со хрватско потекло, Никол Атруковиќ, кои на почетокот на овој месец го добија своето второ дете.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
14мин
-
44мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5