Фото: rawpixel.com / CC0

Насилник од Свети Николе се опил и им извадил нож на двајцата синови

Вчеравечер е уапсен 65-годишен жител на Свети Николе, кој пијан ги нападнал двајцата синови и им се заканувал со нож, соопшти МВР.

„На 07.02.2026 во 22:45 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе лишија од слобода 65-годишен маж од Свети Николе, постапувајќи по претходна пријава дека околу 21:30 часот во семејниот дом со остар предмет им упатувал закани на неговите два сина, а и физички го нападнал едниот син. Констатирано е дека 65-годишникот е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,16 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.

Нов шалтер отворен на граничниот премин „Блато“, со досегашните не се постигнувало

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот