автомобили
автомобили / фото: EPA/EFE

Нашите продавачи на новите возила не „знаат“ за црните кутии

Според изјавите на дел од автоменаџерите во домашните автосалони, тие немаат добиено никаков официјален допис, но признаваат дека и до нив по неофицијален пат стигнале ваквите информации

Во добар дел од домашните автосалони не се информирани за новата европска регулатива, која стапи во сила на 7 јули, а според која ограничувач на брзината поврзан на џи-пи-ес мрежата, кој предупредува во реално време за надминување на лимитот и црна кутија за снимање и зачувување податоци (брзина, сопирање, активирање на воздушни перничиња и статус на безбедносни системи) во случај на сообраќајна несреќа, се двата главни безбедносни системи кои мора да се инсталираат во новите автомобили што се продаваат во Европската Унија. Инаку, возилата продадени пред 7 јули се исклучени од новите правила. Според изјавите на дел од автоменаџерите, тие немаат добиено никаков официјалне допис, но признаваат дека и до нив по неофицијален пат стигнале ваквите информации.

– И ние разбравме за новите регулативи, но посредно, немаме ништо официјално. Ако мора да се применува новата европска регулатива, тогаш или ќе мора тоа да биде со закон, или со прифаќање на некои нови стандарди. Се разбира, опремувањето на новите автомобили со т.н. црни кутии ќе биде вградено во нивната цена. Инаку, од лани вградување на тахографи е задолжително во комерцијалните возила, со што се знае колку километри поминало возилото и може да се следи неговата патека – објаснуваат добро упатени извори за „Слободен печат“.

Новите автомобили од 7 јули добиваат „црни“ кутии како авионите

Според соговорниците на порталот „Нова.рс“, извесно е дека оваа промена ги очекува возачите и во Србија. Воведувањето на уреди за снимање податоци за настани – EДР (црни кутии) е пропишано со „Општата регулатива за безбедност“ (ГСР), која беше усвоена од Европскиот парламент во 2019 година. Петар Величковиќ, експерт за автомобилскиот пазар од сајтот„Половни автомобили“, за Нова.рс. вели дека обврската секој новорегистриран автомобил да има EДР уред ќе важи и за српскиот пазар. Сите нови автомобили што ќе пристигнат во Србија, ќе бидат опремени со црна кутија, а Величковиќ, наведува дека треба да се каже дека овој уред постои со години кај многу производители.

Ова е нова регулатива на ЕУ за општа безбедност на возилата која воведува низа задолжителни напредни системи за помош на возачот за подобрување на безбедноста на патиштата, се вели во белешката од Европската комисија, пренесува Политика рс.

 

Од јули годинава и автомобилите ќе имаат „црна кутија“

-Новите безбедносни мерки ќе помогнат подобро да се заштитат патниците, пешаците и велосипедистите низ ЕУ. Веројатно ќе спаси над 25.000 човечки животи и ќе избегне најмалку 140.000 сериозни повреди до 2038 година. Сите нови возила што се продаваат во ЕУ мора да имаат низа безбедносни системи: интелигентно прилагодување на брзината (ограничувач), детекција на рикверц со сензори на камерата, предупредување за внимание во случај на поспаност или одвлекување на вниманието на возачот, рекордери за податоци за настани и сигнал за итно запирање (црна кутија) – стои во објаснувањето на новата регулатива. Автомобилите и комбињата мора да имаат и дополнителни функции, како што се системи за одржување на лента и автоматско сопирање. За автобусите и камионите, сепак, постои побарувачка за технологии за подобро препознавање на мртвите точки, предупредувања за избегнување судири со пешаци или велосипедисти и системи за следење на притисокот во гумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот