ЕУ: Од следната година задолжителна црна кутија во автомобилите

 Од следната година, во сите нови автомобили во ЕУ ќе биде обврзна црна кутија, а од 2024 година ќе ја имаат сите возила регистрирани за првпат.

Црна кутија е уред што треба да открие до најмалите детали се што се случило во секундите пред сообраќајната несреќа.

Таканаречената црна кутија бележи дури 41 податок што помага при експертиза.

Црната кутија во автомобилската индустрија не е нова, некои нови возила веќе ја имаат. Обично се наоѓа помеѓу возачкото и совозачкото седиште во модулот за воздушни перничиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот