НАШ ПРЕДЛОГ ЗА ФИЛМ: „Паразит“ е екстремно реалистична драма со која може да се идентификува секој гледач (ВИДЕО)

IMBD

Критичарите имаат само пофални зборови за режисерот Бонг Џунг Ху и „Паразит“, а на угледната страна „IMDB“, овој филм има висока оценка од 8.6 ѕвездички од вкупно 228.500 гледачи.

Доколку денеска, по напорната недела, сакате да се релаксирате со некој добар филм, меѓутоа немате идеја што да гледате, тогаш можеби нашиот предлог ќе биде идеално решение за вас.

За овој викенд ви препорачуваме да го погледнете „Паразит“, апсолутниот победник на овогодинешното доделување на Оскари и првиот филм од неанглиско говорно подрачје кој ја добил оваа престижна награда. 

Фото: Принтскрин

Критичарите имаат само пофални зборови за режисерот Бонг Џунг Ху и „Паразит“, а на угледната страна „IMDB“, овој филм има висока оценка од 8.6 ѕвездички од вкупно 228.500 гледачи, a доби одлични критики и на „Rottentomatoes“. 

Краток опис за филмот: 

„Паразит“ е филм што ја раскажува приказната за сиромашното четиричлено семејство Ким, кое се бори за опстанок барајќи работа. Откако пријателот на младиот Ким Ки Ву ќе му донесе на семејството еден „среќен камен“ за подарок, ќе му понуди на Ки Ву можност да работи во куќата каде што тој претходно бил ментор и ќе замине на студии во странство, животот на семејството Ким почнува полека да се менува во драстично поинаква насока.

Ки Ву започнува со својата работа и полека успева да го извлече своето семејство од нечистиот сутерен во кој живеат, за да го всели во луксузната куќа на богатото семејство Парк, каде што ќе се вработат и ќе живеат без некој да дознае дека се всушност крвно поврзани, а она што ќе се случи понатаму ќе им ги смени животите на двете семејства засекогаш!

„Паразит“ е феноменално напишан и уште попрекрасно режиран и снимен филм. Уште од самиот почеток гледачот е внесен во приказната, преку јасно, внимателно и детално градење на ликовите и ситуацијата во која се наоѓаат.

Џун Ху ја претставува толку видливата класна раздвоеност, дискриминација, човечка алчност и беда, а иако користи интелигентен хумор, нагласена наивност или нагласена хистерија, крајниот резултат е всушност екстремно реалистичен филм, со кој може да се идентификува секој што го гледа.

Фото: Профимедиа

Филмот е насловен „Паразит“, но додека го гледате од глава нема да ви излезе прашањето „кој е паразитот овде“, а можеби и нема да го добиете одговорот дури и откако ќе го погледнете филмот до самиот крај.

Овој филм ги прикажува сите ликови многу длабоко и реално, секој со своите маани и гревови, но и секого толку природно и човечки, поради што ќе имате прилика да се запознаете детално со карактерот на сите ликови. 

Како резултат на сето ова, како и многуте признанија кои ги доби режисерот Бонг, но и самиот филм, „Паразит“ навистина е остварување кое вреди да се погледне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот