НАШ ПРЕДЛОГ ЗА ФИЛМ: „Official secret“ е биографска драма за неверојатната храброст на жена која се обидува да спречи војна! (ВИДЕО)

Фото: IMDB

Се работи за филмот од 2019 година со наслов „Official secrets“ , во кој главните улоги ги толкуваат Кира Најтли и Мет Смит и Метју Годи, а е во режија на Гевин Худ.

Во период на самоизолација секојдневно се наоѓаме во различно расположение, а филмовите секако дека сега се редовна занимација.

Поради ова, за овој викенд, ви предлагаме да погледнете една малку посериозна биографска драма, базирана на вистинска приказна, во која се раскажува еден период од инвазијата на САД во Ирак, во време на убиството на Садам Хусеин.

Се работи за филмот од 2019 година со наслов „Official secrets“ , во кој главните улоги ги толкуваат Кира Најтли и Мет Смит и Метју Годи, а е во режија на Гевин Худ.

Фото: Принтскрин

На угледната страница на „IMDB“, оваа биографска драма има солидна оценка од 7.3 ѕвездички, додека на престижната страница „Rotten tomatoes“, филмот е опишан како „остварување со позната структура кое во себе носи важна порака, но се искачува на уште повисоко ниво благодарение на моќната улога која ја носи Кира Најтли“.

Краток опис за филмот:

Во 2003 година, во екот на војната во Ирак, британски експерт за разузнавање по име Кетрин Ган (Кира Најтли), добива меморандум од САД со шокантна директива.

Станува збор за документ во кој се бара во Велика Британија да се одржи гласање со кое ќе се дозволи инвазија на Ирак, иако нема јасни докази дека во оваа земја навистина има биолошко оружје.

Фото: IMDB

Токму Кетрин Ган е британскиот шпион кој нема да може да ја поднесе оваа лага, односно откако таа сфаќа дека во Ирак не постои никакво биолошко оружје, доаѓа до сознание дека од САД само сакаат да исфорсираат војна во оваа земја, иако не постои причина за тоа.

Додека Соединетите Американски Држави се обидуваат да го убедат светот дека Ирак е глобална опасност за безбедноста на целиот свет, Кетрин Ган, тајниот документ, во кој се наоѓа државна тајна од највисоко ниво, го предава на новинар, кој откако ќе го разгледа и ќе сфати дека е точен го објавува во медиумите.

Фото: IMDB

По ова се случува вистински брутален расплет на приказната, а животот на Кетрин Ган од тој момент буквално виси на конец.

Поради сето ова, слободно можеме да кажеме дека „Official secret“ е инспиративна драма за жена која сака да го спаси светот, ризикувајќи го сопствениот живот, на тој начин што покажува невидена храброст, а дали и навистина успева во својата намера дознајте така што ќе го погледнете ова одлично остварување.

Во продолжение погледнете го трејлерот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот