Нарко картел во бомбашки напад во Мексико уби шест полицајци и агенти на обвинителството, им поставиле заседа покрај пат

Фото: Profimedia

Шест полицајци и агенти на обвинителството се убиени, а 12 други се ранети во координирана серија бомбашки напади покрај патишта во западно Мексико.

Официјалните лица тврдат дека станува збор за заседа поставена од нарко картел.

Гувернерот на државата Халиско, Енрике Алфаро, рече дека стапицата во градот Тлајомулко била поставена кога анонимен јавувач известил за локацијата на наводните тајни гробишта. На терен веднаш биле испратени сили за лоцирање на спорната локација.

Додека полицискиот конвој минувал покрај местото на заседата, седум рачно поставени експлозивни направи, поставени на патот, експлодирале истовремено, пренесуваат британските медиуми. Осмата направа не експлодирала.

„Ова е брутален терористички напад, рече Алфаро на прес-конференција, обвинувајќи за смртта неименуван нарко картел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот