НАПУШТЕНО БЕБЕ НА ПРАГ НА КУЌА: Пораката од мајката ја открива МОРНИЧАВАТА ПРИЧИНА

бебе
Принтскрин

Во Орландо во САД една жена пронашла напуштено бебе пред својата врата, со порака од мајката.

Во пораката пишувало:

„Го родив во тоалетот. Татко му се обиде на нè убие. Ве молам однесете го во болница, татко му е многу опасен човек. Жал ми е… Се обидов да го нахранам и исчистам.“

Полицијата го презела случајот, но уште не можат да најдат сведок кој ја видел мајката меѓу соседите. Но, дел од нив слушнале плач на бебе и излегле надвор и го пронашле малото пред вратата на сосетката која во моментот не била дома.

Од болницата потврдиле дека бебето е старо еден ден и дека е во добра здравствена состојба. Ако ја пронајдат, мајката ќе добие пријава за занемарување на грижата за новороденчето.

Според законите во Флорида, дозволено е бебиња да се остават во болница, а оттаму службите да го преземат случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот