Направете си мал зелен рај: Четири градинарски трендови за пролет/лето 2021

Profimedia
Profimedia

Минатата година, повеќето луѓе се свртеа кон градинарството од две причини: за да не размислуваат за коронавирусот и за физички да се активираат. Во Америка, статистичките податоци покажуваат дека се појавиле околу 20 милиони нови градинари, помлади од 35 години. Во нашата земја, луѓето главно се враќаа во своите куќи на село или на планина, каде им беше полесно да го издржат карантинот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Viruksham (@viruksham)

Без оглед на тоа што ни донесе 2021 година, прогнозите се дека луѓето и оваа пролет и лето со задоволство ќе престојуваат во природа, ќе садат цвеќиња, ќе „закрепнуваат“ во своите дворови, но и ќе садат мали градини.


Четири трендови што ќе важат во сезоната на градинарството пролет/лето 2021 година:

  1. Одгледување храна – Луѓето ќе садат зачински билки, кромид, зелена салата, домати, пиперки и оние култури што се лесни за одржување. Оние кои се обидоа да се занимаваат со градинарство во 2020 година, сфатија дека одгледувањето храна не е големо оптоварување, туку напротив – задоволство.
  2. Претворање на дворот и терасата во дневна соба – Бидејќи повеќето луѓе работат од дома, полесно е денот да го поминат надвор отколку внатре. Мошне популарно е купувањето нов, градинарски мебел, а сè заради удобност и што е можно поголемо присуство во природа.
  3. Садење егзотични цвеќиња – Бидејќи сѐ уште не можеме да патуваме, егзотиката ќе ја донесеме на балконите, терасите и дворовите. Се бараат необични цвеќиња, растенија – нешто што воодушевува со својот изглед.
  4. Необични собни растенија – Оние кои немаат двор, ќе се посветат на собните растенија и ќе го разубават изгледот на својот животен простор.

Сите овие знаци покажуваат дека 2021 година ќе биде време да го наполните вашиот дом со изобилство на собни растенија, а градината со интересни цвеќиња и зеленчук. Иднината дефинитивно изгледа позелена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот