Направете сами смеса која ќе ве ослободи од СУВИ И ИСПУКАНИ СТАПАЛА

На пролет и лето, кога сакаме да носиме отворени обувки и сандали, испуканите петици може да бидат голем естетски проблем.

Кожата е сува, понекогаш ја менува бојата, а може да дојде и до нејзино пукање поради недостаток на хидратација и тоа може да биде навистина болно.

Овој рецепт ќе ви помогне да го решите проблемот:

Издробете 10 таблетки аспирин и прелијте ги со 250 милилитри медицински алкохол од 70%. Измешајте и оставете ја смесата да отстои два дена на темно и суво место. Потоа, потопувајте парчиња газа или памук во смесата, ставете облоги на стапалата, завиткајте ги во пластична фолија и облечете чорапи.

Оставете ги облогите да делуваат преку ноќ. Наредниот ден измијте ги убаво со вода и исушете ги стапалата со крпа. Нанесете масна крема за нега на стапала или чист глицерин.

Резултатите се видливи по првиот третман, а можете да го повторите 2-3 пати месечно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот