Напиток кој е заслужен за линијата на Меланија Трамп: Го намалува апетитот, желбата за благо и го забрзува слабеењето! (РЕЦЕПТ)

EPA-EFE
Меланија и Доналд Трамп / Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Меланија откри мал трик со кој ја одржува својата линија перфектна.

Со оглед на таа дека е поранешна манекенка, не не’ чуди што првата дама на САД знае мали трикови за одржување на витката линија.

Меланија и Доналд Трамп / Фото: EPA-EFE/Martin H. Simon / POOL

Иако од кариерата како модел се откажа пред речиси 2 децении, нејзината линија и денес, кога има 50 години, е перфектна.

Првата дама истакна дека води сметка за својот изглед, но нагласи дека не е престрога кон себе: „Живеам здрав живот, се грижам за својата кожа и своето тело, но во ништо не претерувам“.

фото: profimedia

Меланија тврди  дека за нејзината витка линија е заслужен напитокот со кој таа го започнува секое утро.

Ова смути од омилените состојки и дава доволно енергија за целиот ден и ја држи сита многу долго. Овој напиток е одличен во контролирањето на апетитот, но и во покренувањето на процесот на слабеење, поради своите состојки.

фото: profimedia

Освен тоа, кога Меланија има потреба за слатки или пак чувствува напад на глад, таа го подготвува овој напиток: „Кога ќе почувствувам потреба за слатки, јас го подготвувам овој напиток и така таа желба ми поминува. Тој е од неверојатна корист кога овие ситуации се во прашање“, вели поранешниот модел.

Вака изгледа рецептот за смутито во кое се колне Меланија Трамп:

Состојќи:

– свеж спанаќ
– целер
– морков
– боровинки
– јаболко
– цеден портокал
– цеден лимон
– јогурт со мал процент на масти
– неколку капки маслиново масло
– чиа семе
– витамин Д во капки

Сите состојки се ставаат во блендер и се меша додека не се добие хомогена смеса и напитокот е подготвен за консумирање.

фото: profimedia

Таа во текот на денот се труди да јаде многу овошје, бидејќи е богато со витамини и минерали, вклучувајќи и фолна киселина, витамин Ц и калиум, а богато е со влакна, што може да помогне во одржувањето на здрави црева.

Светската здравствена организација препорачува да се јаде најмалку 400 гр овошје дневно со цел да се намали ризикот од сериозни здравствени проблеми, како што се срцевите болести, мозочниот удар и некои видови на рак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот