Монета/ Фото: Слободен печат- Принтскрин

Највредната европска монета ги сруши сите рекорди, продадена за 3,49 милиони долари

Голема златна монета искована во 1609 година за кралот Филип III од Шпанија сруши рекорди и стана највредната монета во Европа. Станува збор за уникатна златна монета со тежина од 339 грамакоја е продадена на аукција во Швајцарија за 3,49 милиони долари, објави аукциската куќа Numismatica Genevensis SA, потврдувајќи дека го срушила европскиот рекорд за највредна монета.

Монетата била искована во шпанскиот град Сеговија од злато донесено од морнари од „новиот свет“.  Почетната цена и била 2 милиони швајцарски франци, соопшти аукциската куќа Numismatica Genevensis SA со седиште во Женева.

Откако беше изгубена неколку векови, се појави во Соединетите Држави околу 1950 година, кога монетата ја купи колекционер од Њујорк и ја продаде на шпански купувач. Подоцна, златната монета беше продадена на аукција на друг колекционер чиј идентитет е непознат, пишува Poslovni dnevnik/B92.

Претходниот рекорд го држеше дукат што некогаш му припаѓаше на Фердинанд III од Хабсбург, кој беше продаден за 2,42 милиони долари, рече Франк Балдачи, директор на аукциската куќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот