Најстарата жена на светот се откажа од носење на олимпискиот оган

принтскрин/Youtube

Кане Танака, најстарата личност на светот која требаше на 11 мај да учествува во церемонијата на носење на олимпискиот оган, се откажа од оваа идеја.

Кане Танака има 118 години и требаше во Фукуока да учествува во церемонијата на носење на олимпискиот оган низ овој јапонски град, но, ова нема да се случи.
Олимпискиот оган во март го започна патот низ цела Јапонија, но оттогаш се забележени осум случаи на коронавирус и тоа кај луѓе кои учествуваат во церемонијата на носење на олимискиот оган.
Токму поради страв од зараза, управителот на домот за стари лица во кој е сместена Танака која според Гинисовата книга на рекорди од пред две години е најстара личност на светот, ги извести отганизаторите дека таа се откажала од оваа идеја.

Дури во четири градови во Јапонија, Токио, Осака, Кјото и Хијогу од 25 април се на сила бројни рестриктивни мерки кои ќе важат најрано до 11 мај и засега не е познато дали на некој начин ова ќе влијае на Олимските игри кои треба да започнат на 23 јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот