Најскапи фудбалери кои нема да играат на ЕП, Халанд нема конкуренција

EPA-EFE/LARS BARON

Европското првенство на кое за прв пат ќе учествува и фудбалската репрезентација на Македонија, во наредните месец дена ќе биде во фокусот на фудбалската јавност. Во 12 европски градови, дел од најголемите фудбалски ѕвезди како Кристијано Роналдо, Килијан Мбапе, Кевин Де Брујне, Ромелу Лукаку… ќе се борат за европската титула, но добар дел од фудбалерите ЕП ќе го следат и пред малите екрани, а меѓу нив се и дел најскапите фудбалери во овие моменти.

Убедливо највреден фудбалер  кој нема да игра на ЕП е Норвеѓанецот Ерлинг Халанд кој со 20 години веќе е една од најголемите ѕвезди во фудбалот. Напаѓачот на Борусија Дортмунд е проценет на 110 милиони евра. Халанд на 41 натпревар во штотуку завршената сезона и постигна 41 гол и имаше 12 асистенции.

Јан Облак/EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

На второто место се наоѓа голманот на Атлетико Мадрид и на репрезентацијата на Словенија, Јан Облак кој е проценет на 90 милиони евра, а за многумина тој е најдобар голман на денешницата. Облак во штотуку завршената сезона тој на 18 натпревари во Ла Лига успеа да ја зачува недопрена сопствената мрежа.

Сергеј Милинковиќ-Савиќ/EPA-EFE/ANGELO CARCONI

На третото место на највредни фудбалери се наоѓа српскиот репрезентативец и играч на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ кој вреди 70 милиони евра. Милинковиќ-Савиќ одигра 41 натпревар и постигна осум гола и имаше 11 асистенции изминатата сезона.

Селекцијата на Франција е еден од главните фаворите за трофејот, но селекторот Дидие Дешан одлучи да не го повика напаѓачот на Манчестер јунајтед, Ентони Марсијал кој имаше релативно лоша сезона во која постигна само седум гола. Неговата вредност е проценета на 50 милиони евра.

На петтото место се наоѓа Мартин Едегард додека веднаш зад него е Душан Влаховиќ кој имаше неверојатна сезона во Фиорентина по што неговата цена скокна на 40 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот