Најштедливиот милионер на светот: Живее од храна што ја наоѓа во ѓубрето

Фото; Michael Lingberg / Alamy / Alamy / Profimedia

Осумдесетгодишниот Германец, Хајнц,  изгледа како бездомник, но во неговиот случај изгледот мами. Имено, тој е сопственик на имоти вредни неколку милиони евра. Месечно троши пет евра за храна бидејќи најчесто ја наоѓа во ѓубрето.

На улиците на Дармштад, Германија, Ханјц често може да се види како бара по ѓубрето на  својот велосипед, облечен во стара облека. Оние кои не го познаваат можеби мислат дека е еден од бездомниците. Сепак, изгледот мами, бидејќи Хајнц е всушност милионер.

„Можеби навистина има само 15 евра на сметката, но само затоа што подигнал 700.000 евра за да купи нов дом, неговиот десетти имот. Останатите 100.000 евра ги префрлил на орочени заштеди за да заработи камата“, пишува германски „Билд“.

Овој човек кој има повеќе од еден милион евра имот знае како уште повеќе да го зголеми. Вели дека цел живот бил штедлив, па не му требаат многу пари за да преживее. Тој е среќен што живее од храната што ја наоѓа во ѓубрето и собира секакви работи што другите луѓе ги фрлаат.

„Можеби ќе купам малку масло за јадење или нешто слично ако снемам, но поголемиот дел од храната што ќе ја најдам е од ѓубрето. Луѓето се расипнички и фрлаат доволно работи за да го нахранат целото семејство. На пример, луѓето купуваат пакет колбаси, го јадат еден, а остатокот го фрлаат во ѓубре“, рекол Хајнц.

Пензионираниот електроинженер има месечна пензија од 3.600 евра и уште една пензија од 156 евра, која најмногу оди на неговата жиро-сметка, бидејќи навистина нема за што да троши. Освен петте евра што ги троши за храна секој месец, неговите трошоци вклучуваат само интернет конекција за неговиот лаптоп. Мобилен телефон не доаѓа предвид бидејќи би го чинел дополнителни десет евра.

Хајнц го поминува поголемиот дел од своето време собирајќи работи што другите ги фрлаат и возење велосипед низ Дармштат во потрага по нови предмети. Повеќето од овие работи речиси и не ги користи, но затоа ги заменува за храна.

Овој несекојдневен милионер нема семејство, па не знае на кого ќе му го остави имотот по неговата смрт. Има подалечни роднини, но вели дека не можат да платат данок на наследство, па размислува некои имоти да ги изнајми на потстанари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот