Најпопуларното домашно јадење на сите времиња: Гурманска сарма за почетници

Фото: Профимедиа

Сармата е македонско традиционално јадење кое е неодминливо на нашата трпеза. Основата на добрата стара сарма е единствена, иако со текот на времето, подлегнува на некои ситни варијации. Сè друго што се додава на сармата, како богато јадење што сакаме да го јадеме во зима, е прашање на личен вкус и моментална инспирација. Варијациите во вкусот на сармата потекнуваат само од она што ќе го додадете на овие основни состојки.

Важно е при правењето сарма да се задоволи вкусот, за јадењето да не биде ниту многу солено, ниту без вкус.

Во смесата со сарма можете да додадете малку сушено месо, сармата ќе добие пофин вкус, но сепак треба да внимавате да не биде премногу „силна“ поради сувото месо. Пред да ставите суво месо во сарма, задолжително сварете го.

Важно е киселата зелка да се измие пред подготовка.

Кога сѐ ќе биде готово и кога ќе се подинста кромидот, измешајте ги сите состојки. Потоа можете да почнете да виткате сарма.

Земете дел од смесата, обликувајте ја и ставете ја во лист од зелка.

Месото нежно виткајте го во зелката и на крај свиткајте ги рабовите за смесата да остане внатре во листовите за време на готвењето.

На дното од тенџерето, пред да ја наредите сармата, ставете ја кожичката од сланина. Така ќе спречите да загори сармата.

Врз сланината, ставете дел од сечкана зелка, на која ќе ја редите сармата.

Кога ќе ја искористите целата смеса и ќе го наполните тенџерето со сарма, одозгора ставете го остатокот од сечканата зелка.

Сега можете да ја ставите сармата да се крчка.

Рецепт за вашата прва сарма
Состојки:

– 700 гр мелено месо (половина јунешко, половина свинско)
– 150 гр ориз
– 100 гр сува сланина
– 25 листови кисела зелка
– 1 главица кромид
– 4 чешниња лук
– сув зачин, ловоров лист, сол, црн пипер, мелена лута пиперка, мелен благ црвен пипер

Подготовка:

Пропржете ја ситно исечканата сува сланина, па додадете го сечканиот кромид, а потоа меленото месо.

Пржете неколку минути, па додадете ги зачинот, солта, црниот пипер, мелената пиперка, иситнетиот лук и измиениот ориз, па сѐ добро измешајте.

На лист зелка ставете една до две лажици од смесата, па свиткајте ги краевите и обвиткајте ги сармите.

Посипете ги со истолчената лута пиперка, ставете го ловоровиот лист, додадете и некое зрно црн пипер, покријте со листовите зелка, па налејте со вода и варете околу 2,5 часа на тивок оган. Повремено долевајте по малку вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот