Најпопуларниот тиктокер живее во Италија од својата прва година, сега доби италијанско државјанство

Каби Ламе
Каби Ламе / Фото: EPA-EFE/CLAUDIO ONORATI

Каби Ламе стана ултрапопуларен на „ТикТок“ со своите иронични видеа без текст. Сè уште го држи првото место по бројот на следбеници – 148,4 милиони. Популарниот тиктокер од својата прва година живее во Италија, а сега доби и италијанско државјанство.

„Се колнам дека ќе бидам верен на Републиката и ќе ги почитувам Уставот и законите на земјата“, изјави 22-годишниот Ламе оваа недела пред официјалните лица во Чивасо, градот во близина на Торино каде што тој и неговото семејство се населиле откако го напуштиле Сенегал кога имал само една година.

Каби Ламе
Каби Ламе / Фото: ЕПА-ЕФЕ

Ламе, чие целосно име е Хабане Серињ Лама, ја започна својата кариера на „ТикТок“ за време на карантинот во Италија во 2020 година, откако ја загуби работата во фабрика. После тоа неговата популарност рапидно порасна и со текот на времето достигна 148 милиони следбеници на таа популарна платформа. Каби еднаш за „Њујорк Тајмс“ изјави дека неговите изрази на лицето ги смеат луѓето и дека тоа е „глобален јазик“, кој секој го разбира.

„Многу сум горд. Се чувствував Италијанец и пред денес бидејќи отсекогаш живеев овде. Чувствувам голема одговорност за заклетвата што ја дадов. Тоа не се само зборови“, рече тој по церемонијата за добивање државјанство.

@khaby.lame Please answer 🥹 ahaha PS: All my respect for fireman 👨‍🚒❤️ #learnfromkhaby #learnontiktok @TikTok @tiktok creators #respectfireman #fireman ♬ original sound – Phoebe

Неговиот случај го истакна комплицираниот пат до добивање државјанство во Италија. Италијанско државјанство можат да добијат децата на неиталијански државјани откако ќе наполнат 18 години, доколку се родени во Италија и оттогаш континуирано живеат во таа земја.

Каби Ламе стана најследен профил на „Тикток“ со неверојатни 142,8 милиони следбеници

Иако Ламе речиси целиот свој живот го поминал во Италија, тој не е роден таму, па затоа и процесот на добивање државјанство е покомплициран.

„Не е во ред човек кој толку години живее и расте со италијанската култура, а кој е чист, сè уште да нема право на државјанство. Не зборувам само за себе“, изјави неодамна тој за италијанскиот дневен весник „La Repubblica“.

Каби Ламе
Каби Ламе / Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Ламе рече дека славата му го направила животот „целосно поинаков“ од оној што го знаел и дека сè уште се навикнува на својата популарност.

„Отсекогаш живеев во популарен дом (со ниски приходи) и иако имавме многу малку, бевме среќни, задоволни, игравме во дворот“, рече тој оваа недела по церемонијата за државјанство.

@khaby.lame Congratulations Champion! And thanks for the help! 🤣alexdeminaur bro next time call us! #learnfromkhaby #djokovic #learnontiktok @tiktok @tiktokcreators ♬ original sound – Khabane lame

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот