Најголемите инвестиции на „Berkshire Hathaway“

Акциите на „Berkshire Hathaway“ поевтинија за време на вчерашната сесија, откако за време на Генералното собрание на акционерите на компанијата, Ворен Бафет изјави дека акциите не се особено евтини.

Загубите на крајот на трговската сесија беа од 2.37% до точно 320.000 долари за 1 акција од класа А. Акциите од класа B забележаа пад од 2.49% до 213.16 долари.

Пазарната капитализација на „Berkshire Hathaway“ денес изнесува 524 милијарди долари. Ова се најголемите инвестиции на компанијата на Ворен Бафет:

Вкупно пет од денешните инвестиции се проценуваат на повеќе од 10 милијарди долари. На чело на листата е „Apple“, а во компанијата се инвестирани 36 милијарди долари, а денес оценката изнесува 40.3 милијарди долари.

Две од најголемите банки во САД ги дополнуваат топ 3 инвестициите на „Berkshire“ – „Bank of America“ и „Wells Fargo“, каде Бафет и Чарли Мунгер имаат вредност од 22.6 и 20.7 милијарди долари.

Следат „Coca Cola“ и „American Express“, со 18,9 и 14,5 милијарди долари. Интересно е да се напомене дека ова се некои од најстарите средства на Бафет, кои се зачувани и до ден-денес. Во двете компании се инвестирани 1,3 милијарди долари, или неколку пати помалку од нивната сегашна вредност.

Следните инвестиции се, исто така, од финансискиот сектор – „US Bankcorp“, „JP Morgan“ и „Bank of Mellon“, се вели во извештајот на „YahooFinance“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот