Најголемите 10 откупни клаузули во шпанската „Ла Лига“

Педри заедно со Валверде и Бензема имаат откупна клаузула во договорите од една милијарда евра/Фото: EPA-EFE/ENRIC FONTCUBERTA

Како што е веќе познато, денеска 18-годишниот Педри потпиша договор на пет години со екипата на Барселона.

Младиот играч за врска до 2026 година ќе ги брани боите на каталонскиот клуб, а кој има желба пред тоа да ги обезбеди услугите на овој играч ќе мора да плати рекордни милијарда евра.

Со овој потег, стана сосема јасно по кој пат се одлучи Барса да оди. Со долгорочни договори, тие ќе ги обезбедат сите најталентирани играчи од нивната фудбалска школа и со нив ќе ја градат иднината. Следни во редот, според каталонските медиуми, се Ансу Фати и Гави.

Педри сега е на врвот на листата на играчи во шпанската „Ла Лига“ со највисоки откупни клаузули. Само клаузулите на играчите на Реал, Карим Бензема и Федерико Валверде изнесуваат една милијарда евра.

Топ 10 најголеми откупни клаузули во „Ла Лига“ –

1. Педри (Барселона) – една милијарда евра

– Федерико Валверде (Реал Мадрид) – една милијарда евра

– Карим Бензема (Реал Мадрид) – една милијарда евра

4. Давид Алаба (Реал Мадрид) – 850 милиони евра

5. Антоан Гризман (Барселона, на позајмица во Атлетико Мадрид) – 800 милиони евра

6. Брахим Дијаз (Реал Мадрид, на позајмица во Милан) – 750 милиони евра

– Лука Модриќ (Реал Мадрид) – 750 милиони евра

8. Винисиус Јуниор (Реал Мадрид) – 700 милиони евра

– Марко Асенсио (Реал Мадрид) – 700 милиони евра

– Тибо Куртоа (Реал Мадрид) – 700 милиони евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот