Сега е официјално: Педри потпиша нов договор, клаузулата изнесува неверојатни милијарда евра

Педри е најдобар млад фудбалер во Европа/ фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Шпанскиот репрезентативец Педри денеска и официјално потпиша нов договор со каталонскиот тим. Во новиот договор е вметната и откупна клаузула која изнесува неверојатни милијарда евра.

Суперталентиранот шпански фудбалер (18) веќе сега стана еден од најважните играчи на Барселона и се очекува да биде предводник на каталонскиот тим во наредната деценија.

Поради тоа, управата на Барселона побрза да потпише нов договор со Педри, а со вметнувањето на клаузулата од милијарда евра, клубот им упати јасна порака на заинтересираните екипи, дека не размислува за продажба на талентираниот фудбалер.

Сега откако ги заврши работите околу потписот со Педри, управата се фокусира на потпишување на нови договори со уште двајца екстра талентирани фудбалери, Ансу Фати и Гави кои заедно со Педри треба да бидат главните ѕвезди на Барселона во наредната деценија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот