Најголемиот трговски синџир ја повика Владата на Црна Гора да ги намали давачките
Најголемиот малопродажен синџир во Црна Гора „Воли“ ја повика Владата да ги намали давачките на ниво на Европската Унија, а во Црна Гора ќе бидат можни пониски цени. За повикот за бојкот на своите пазари, таа компанија вели дека веќе има најниски цени во Црна Гора.
Препорачано
„Се согласуваме дека цените се превисоки, но цените на пазарите не се причина за инфлацијата, тие се нејзина последица“, велат од „Воли“. Компанијата „Воли“ објави дека ДДВ во Хрватска за риба и овошје и зеленчук е 5 отсто, а во Црна Гора 21 отсто, дека на основните производи во Хрватска е 5 отсто, а во Црна Гора е 7 отсто.
Од таа компанија велат дека царините и другите државни давачки за производите изнесуваат 40 отсто, а профитот на компанијата е 4 отсто. „Воли“ посочува дека континуираниот бојкот не може никому да донесе ништо добро и прашува дали навистина зад бојкотот стојат интересите на потрошувачите или „некои други мотиви кои немаат врска со трговијата или економијата“. Организацијата „Алтернатива Црна Гора“ најави декаќе ги повика граѓаните седум дена да ги бојкотираат пазарите на трговско друштво кое граѓаните го избрале преку анкета. Според досегашните резултати, 64 отсто од учесниците во анкетата гласале тоа да биде „Воли“, објави Данас.


