Најголемиот противник на „Северен тек 2“ даде согласност за негово завршување

Работата околу изградбата на „Северен тек 2“ беше запрена откако Америка кон крајот на минатата година усвои буџет за одбрана, кој вклучува и санкции против компаниите кои учествуваат во градбата на гасоводот.

Копенхаген, најголемиот противник на изградбата на „Северен тек 2“ даде зелено светло за негово завршување откако данската енергетска агенција „ДЕА“ даде дозвола компанијата „Норд Стрим 2“ да продолжи со градежните работи во нејзините води.

Агенцијата дала дозвола за продолжување на работата околу гасоводот, со користење бродови кои може да се засидруваат. Тоа е во врска со можноста да користат помалку опасна опрема по еко системот, вклучувајќи и бродови со систем за засидрување.

Претходно оваа земја се спротиставуваше на користењето на вакви бродови бидејќи сидрата би можеле да активираат неексплодирана муниција која по војната останала на дното на Балтичкото море.

Работата околу изградбата на „Северен тек 2“ беше запрена откако Америка кон крајот на минатата година усвои буџет за одбрана, кој вклучува и санкции против компаниите кои учествуваат во градбата на гасоводот. Потоа швајцарската компанија „Олсиз“ престана со монтирање на цевки.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот