Најголемиот „кошмар“ на секој фудбалер: Како ли успеа тоа да го утне? (ВИДЕО)

фото: твитер

Овој викенд во најсилното белгиско првенство се игра петтото коло, Мехелен на домашен терен беше совладан од Остенде минимално со 0:1.

При резултат 0:0, кон средината на второто полувреме, се случи нешто неверојатно, „кошмар“ на секој фудбалер.

Tопката дојде до осамениот Астер Вранкс кој требаше само од еден метар да ја испрати топката во празната мрежа.

Зачудувачки наместо рутинска завршница, тој стапна на топката и го загуби балансот, а противникот успеа да ја отстрани опасноста.

Да биде уште поголемо разочарувањето на Мехелен се погрижија играчите на Остенде кои казнија со победнички гол во 95 минута од средбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот