Најголемиот британски производител на автомобили отпушта работници

Претходните недели и други британски компании како „Бентли“ и „Астон Мартин“ мораа да го намалат бројот на вработени со цел да ги преживеат економските последици од пандемијата.

Најголемиот автомобилски производител во Велика Британија „Jaguar Land Rover“ ќе мора да отпушти 1.100 работници за да може да ги преживее последиците предизвикано од пандемијата со корона вирусот.

Компанијата ќе го намали бројот на вработени во земјата како дел од „програмата за трансформација“.

– Низ својата континуирана програма за трансформација, „Jaguar Land Rover“ презема чекори за оптимизација на перформансите и постигнување на понатамошна оперативна ефективност со цел да се осигура одржлив раст и да се зачува долгорочен успех на работење, истакна портпаролот на компанијата.

– Поради пандемијата од корона вирусот, компанијата донесе тешка одлука за намалување на бројот на вработени во следните месеци, се вели во соопштението од компанијата.

Со намалувањето на работните места ќе се почне во производствените погони на „Jaguar Land Rover“ низ Британија и овој процес ќе трае од крајот на јули до крајот на годината.

Компанијата има вработено околу 32 илјади лица.

Претходните недели и други британски компании како „Бентли“ и „Астон Мартин“ мораа да го намалат бројот на вработени со цел да ги преживеат економските последици од пандемијата.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот