Најголеми заштеди на греење и штедливи светилки

Фото: Ансплеш

И со овие цени на енергијата, европските домаќинства можат годишно да заштедат од 650 до 1.800 евра благодарение на енергетското означување на уредите, објави Европската организација на потрошувачи (БЕУЦ). Најголема заштеда, велат, се постигнува на парното и сијалиците кои станале поекономични. Заштедите на апарати како што се фрижидери, телевизори и машини за перење сочинуваат 15 проценти од годишните заштеди. Според БЕУЦ, правилата на ЕУ за енергетска ефикасност, познати како еко-дизајн, помагаат да се заштитат потрошувачите од вртоглаво поскапување на енергијата при користење на домашни апарати. Инаку, истражувањата покажаа дека минатата година биле постигнати големи заштеди, поради што е одлучено да се ажурираат постоечките правила. Затоа БЕУЦ ја повика Европската комисија да одвои доволно пари за ново продолжување на правилата кои обезбедуваат енергетска ефикасност. Првиот извршен потпретседател на Европската комисија, Франс Тимерманс, рече дека на сите ни се познати етикетите за енергетска ефикасност на фрижидерите, машините за перење и сушење алишта. Бидејќи цените на енергијата се очекува да останат далеку над нивото од пред кризата, еко-дизајнот може да им помогне на потрошувачите да заштедат во просек околу 1.000 евра секоја година, објави Политика рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот