НАЈГОЛЕМАТА ОТРОВНИЦА пронајдена во канализација, седуммина едвај ја ИЗВЛЕКЛЕ (ФОТО+ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Работници од Тајланд едвај извлекле четири метри долга кралска кобра од канализација.

Целосната акција траела повеќе од еден час, а од друштвото за заштита на животни велат дека толку голем примерок никогаш немале фатено.

Фото: Принтскрин

Кобрата, инаку најголема змија отровница во светот, се повлекла во канализацијата каде не може да преживее.

Фаќањето не било едноставно, бидејќи змијата се фрлала во вода и пробувала да се повлече што е можно подлабоко во цевката.

„Седум спасувачи, вклучувајќи ме и мене, беа на местото на настанот“, рекол Криткамон Канге (26), додавајќи дека канализацијата е изградена на место на некогашна џунгла.

Змијата е подолга од четири метри, тежи 15 килограми и е третата најголема змија пронајдена во земјата. После сето тоа, таа била пуштена во дивината.

Граѓаните на Тајланд често ја викаат итната служба, бидејќи змиите постојано се појавуваат, дури и во урбаните подрачја. Властите не сакаат премногу да наштетат на нивната популација, бидејќи сепак помагаат во контрола на стаорците кои можат да ги уништат земјоделските култури.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот