Најдобрите македонски кошаркари убедливо поразени од Израел во Талин

фото: kfsm.mk

Пораз на македонската сениорска кошаркарска репрезентација во премиерниот натпревар од олимписките претквалификации во Талин, Естонија.

Избраниците на селекторот Александар Јончевски загубија од селекцијата на Израел, која на крајот славеше убедлива победа од 65:86.

Шортс беше нашиот најефикасен стрелец со 22 поени, Магдевски имаше 11, додека пак капитенот В. Стојановски кој застана на девет, поради повреда помина нецели 19 минути на паркетот.

В медела од 18.00 часот во обид да дојдат до прв успех на турнирот, нашите најдобри кошаркари ќе играат против селекцијата на домаќинот, Естонија, која во премиерата загуби со тесни 74:77 од репрезентацијата на Чешка.

ОЛИМПИСКИ ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ – ТАЛИН 2023

РАСПОРЕД И РЕЗУЛТАТИ

ПРВО КОЛО

Чешка – Естонија 77:74
МАКЕДОНИЈА – Израел 65:86

ТАБЕЛА

1.Израел 1 1 0 87:65 2 бодови

2.Чешка 1 1 0 77:74 2

3.Естонија 1 0 1 74:77 1

4.МАКЕДОНИЈА 1 0 1 65:86 1

ИДНО КОЛО 13. АВГУСТ (НЕДЕЛА)

15.00: Израел – Чешка
18.00: Естонија – МАКЕДОНИЈА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот