Фото: ffm.mk

Најдобрите македонски фудбалерки почнуваат со подготовки за мундијалските квалификации

Македонската женска фудбалска сениорска репрезентација во периодот од 4 до 8 февруари во Дојран ќе одржи тренинг камп со кој почнуваат подготовките за настап во квалификациите за пласман на Светското првенство.

Селекторот Александар Андов на тренинзите во Дојран на располагање ќе има 24 фудбалерки:

ГОЛМАНКИ: Ведрана Комненова (ЖФК Љуботен), Викторија Панчурова (ЖФК Тиверија).

ОДБРАНА: Васка Василева (ЖФК Каменица Саса), Ане Бошевска (ЖФК Тиверија Брера), Павлинка Николовска (ЖФК Тиверија Брера), Мила Панева (ЖФК Скопје), Сара Коларовска (ЖФК Скопје), Слаѓана Ѓорѓиева (ЖФК Тиверија Брера), Катерина Петкова (ЖФК Истатов), Христина Јошевска (ЖФК Скопје), Кристина Крстева (ЖФК Скопје).

СРЕДЕН РЕД: Терона Голабовска (ЖФК Тиверија Брера), Данче Карпузовска (ЖФК Тиверија Брера), Хава Мустафа (ЖФК Љуботен), Александра Марковска (ЖФЛ Љуботен), Ева Величковска (ЖФК Љуботен), Сара Ефтинџиоска (ЖФК Скопје), Настасија Накова (ЖФК Љуботен), Рабија Дервиши (ЖФК Скопје).

НАПАД: Јована Павловска (ЖФК Ас Јунајтед), Меланија Грозданова (ЖФК Љуботен), Илза Максути (ЖФК Љуботен), Андреа Коловска (ЖФК Истатов), Калина Попевски (ЖФК Црвена Звезда).

Женската селекција квалификациите ги почнува на 3 март со дуелот против Азербејџан, четири дена подоцна во Битола гостува, Андора.

Во вториот циклус на 14 април, Македонија е домаќин на Унгарија, а на 18 следува второто соочување со истиот противник.

Квалификациите завршуваат во јуни со уште два натпревари. На 5 јуни нашите најдобри фудбалери ќе гостуваат кај Андора, додека на 9 јуни го пречекуваат Азербејџан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот