Најдобриот стрелец во Евролигата пред преселба во НБА

Фото: EPA-EFE/GEORGIA PANAGOPOULOU

Кошаркарот на Олимпијакос, Бугаринот Саша Везенков кој беше најдобар стрелец во Евролигата во регуларниот дел од сезоната кариерата ќе ја продолжи во НБА лигата, најверојатно во редовите на Сакраменто.

Се уште не е официјално, но информацијата веќе ја објавија поголем број американски медиуми. Тренерот на Сакраменто, Мајк Браун го следел Везенков во текот на целата сезона, а го следеше во живо и натпреварот против Фенербахче во Пиреја.

Везенков сезонава во просек постигнуваше 17.2 поени по натпревар и го предводеше Олимпијакос до првото место во регуларниот дел од сезоната и фајнл-форот во Каунас каде што се пласираа со победа против Фенер.

Олимпијакос во петок ќе со Монако ќе се бори за пласман во финалето на Евролигата.

Бугаринот Везенков прв стрелец во Евролигата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот