Бугаринот Везенков прв стрелец во Евролигата

Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Крилниот центар на Олимпијакос Саша Везенков е добитник на наградата „Алфонсо Форд“ за најдобар стрелец сезонава во Евролигата, објави официјалниот сајт на ова натпреварување.

Бугарскиот кошаркар на 38 натпревари во регуларниот дел просечено забележуваше по 17 поени.

Олимпијакос беше најдобар тим во регуларниот дел од сезоната и завршија како првопласирани на табелата. Во четвртфиналето по пет натпревари го совладаа Фенербахче и ќе играат во фајнл-форот од Евролигата.

Во Каунас во полуфиналето ќе се сретне со Монако, додека вториот пар од полуфиналето е помеѓу шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот