Емболо/EPA/CLAUDIO THOMA

Најдобриот стрелец на Швајцарија не доби виза за влез во САД, репрезентацијата отпатува без него

Швајцарската фудбалска репрезентација отпатува за САД во пресрет на Светското првенство, но се соочи со неочекуван проблем поврзан со влезот во земјата. Еден од најважните играчи на националниот тим, Брел Емболо, не успеа да добие дозвола за патување и остана во Швајцарија.

Напаѓачот пристигнал на аеродромот заедно со соиграчите, но непосредно пред летот бил известен дека не може да добие „Еста“ дозвола, која вообичаено по забрзана постапка им се издава на спортистите што учествуваат на Светско првенство.

Причината за одбивањето е пресуда донесена во 2023 година од суд во Базел, поврзана со инцидент што се случил неколку години претходно. Иако Емболо добил условна парична казна, во судските евиденции сè уште се води како осудено лице, што автоматски претставувало пречка за издавање на дозволата за влез.

Поради тоа, швајцарската експедиција замина за САД без својот најдобар стрелец, кој досега има постигнато 23 голови во дресот на националниот тим.

Од Швајцарската фудбалска федерација соопштија дека активно работат на решавање на ситуацијата и очекуваат проблемот наскоро да биде надминат. Според нивните проценки, Емболо би требало во рок од 48 часа да ги добие потребните документи и да им се приклучи на соиграчите во САД.

Tие објавија и фотографија на која недостасува Емболо порачувајќи дека повторно ќе се сретнат наскоро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот