„Најдобриот коњ на светот“ заработил 25 милиони евра без да истрча трка

X@AsianRacingRep

Тркачкото грло Еквинокс, исклучително популарен во Јапонија, откако беше повлечен од натпреварите, во својата нова должност пастув за расплод, им носи милиони на сопствениците

Тркачкиот коњ наречен „најдобриот на светот“ заработи повеќе од 25 милион евра за своите сопственици и покрај тоа што не истрча ниту една трка.

Тркачкото грло Еквинокс е супер-популарен во Јапонија и беше рекордер на патеките.

Тој победи на осум од десетте трки во кариерата, вклучувајќи шест по ред, за да ја заврши кариерата со освоени повеќе од 14 милиони евра вкупен награден фонд.

Еквинокс беше апсолутно обожаван во Јапонија, па дури и му беше приредена свечена церемонија за пензионирање на која присуствуваа илјадници фанови.

Се очекуваше да биде баран и во вториот дел од кариера како пастув за расплод.

А границата беше поставена високо кога цената по една „сесија“ со Еквинокс чинеше 124.000 евра – рекорд за пастув во првата сезона во Јапонија.

Еквинокс во новата работа во „Шадај сталион фарм“ беше спарен со 203 кобили во неговата прва сезона.

Ако се пресмета вкупната сума, тоа е огромна заработка од над 25 милиони евра за неговите сопственици „Силк рејсинг“.

Или поинаку кажано, над 11 милиони евра повеќе од наградите за победи на трките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот