Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Најдобриот фудбалер на Вардар може да направи рекорден трансфер во Турција?

Екипата на Трабзонспор покажува сериозен интерес за еден од најистакнатите фудбалери во Првата македонска фудбалска лига, Роџерс Мато, за кого Вардар постави цена од 1,5 милиони евра.

Според информациите на турските медиуми, скаутската служба на турскиот гигант доставила позитивен извештај, а поддршка за евентуален трансфер дал и тренерот Фатих Теке, кој во офанзивецот по крило гледа големо засилување за својот тим.

Во меѓувреме, вардарци одбија понуда тешка 350.000 евра од шкотски Хартс и официјално потврдија дека во договорот на Мато е вметната откупна клаузула од 1,5 милиони евра.

Медиумите во Турција најавуваат дека Трабзонспор е подготвен да ја исполни финансиската побарувачка, па во наредниот период се очекуваат поконкретни активности околу трансферот.

Доколку зделката се реализира, Мато ќе стане најскапо продадениот фудбалер во историјата на македонското првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот