Најдобрата фудбалерка на светот сака да го смени Доналд Трамп

твитер

Американската фудбалерка, Меган Рапино, која победи во изборот на ФИФА за најдобра фудбалерка за минатата година, не крие дека е активна во политиката и има амбициозни планови.

Нејзината амбиција оди се до Белата куќа и е подготвена да се вклучи во претстојните претседателски избори во САД и тоа како потпретседателски кандидат.

За време на предизборната кампања во Демократската партија во САД, сега веќе официјалниот кандидат за претседател, Џо Бајден истакна дека доколку го победи актуелниот предводник на државата, Доналд Трамп, тогаш за потпретседател би сакал да има жена.

Сè уште не е познато кој ќе биде неговиот избор, и затоа Рапино која минатата година со САД триумфира на Светското првенство, сама се понуди и тоа преку разговор во живо на Инстаграм со сопругата на Бајден, Џил.

– Не би сакала да ви создавам притисок, но… Навистина мислам дека и понатаму можам да играм фудбал и да го направам ова: Доколку ви треба потпретседател, слободна сум за интервју. Можеме да разговараме буквално за се, ставете ме на вашата листа – рече Рапино.

Одговорот не дојде до Џо, туку од неговата сопруга Џил, која кажа „би сакала да се случи тоа“.

Џо Бајден со насмевка реагираше на предлогот на Меган Рапино и додаде дека неговата внука Мејси која игра фудбал во средното училиште исто така би го сакала тоа.

Меган Рапино е една од најуспешните и најпопуларните спортистки во САД која има и бурен љубовен живот и не крие дека сака само жени. Рапино уште во универзитетските денови, сфатила дека не ја привлекуваат мажите. Долго време се размислувала како да им каже на своите родители и пријатели, но собрала сила и на крајот го сторила тоа.

Рапино веќе девет години е во врска со поранешната кошаркарка Сју Бирд, а пред тоа беше во врска и во колешката од американската репрезентација Сара Волш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот